Во Општина Дебар гласаа 130 болни и изнемоштени лица
- Во општина Дебар своето право на глас во домашни услови на Локалните избори денеска го остварија 130 болни и изнемоштени лица што е за 54 повеќе од првиот изборен круг пред две седмици.
Дебар, 1 ноември 2025 (МИА) - Во општина Дебар своето право на глас во домашни услови на Локалните избори денеска го остварија 130 болни и изнемоштени лица што е за 54 повеќе од првиот изборен круг пред две седмици.
-Во општина Дебар денеска требаше да гласаат 137 лица, а правото го остварија 130 од нив. Денеска и изборниот материјал е распределен без проблеми и очекуваме утре се да мине во најдобар ред, изјави за МИА Рилинд Хасан, претседател на Општинската изборна комисија.
На минатите локални избори, во вториот круг, правото на глас го остварија 60 лица, што беше за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени лица.
Во оваа општина, утре ќе се гласа на 27 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 19.763 лица. На 19 октомври правото го искористија 8.052 или 40,72 отсто.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња беше 7.707 додека неважечки беа 347 гласачки ливчиња. вт/вј/
Фото: МИА